Додека директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, даваше изјава за состојбата со пожарите во земјава, над него прелета хеликоптер на МВР кој исфрлаше вода за гаснење на огнот, а дел од водата заврши и врз Ангелов.
По неочекуваното „туширање“, Ангелов на шега рече дека е „колатерална штета“. (2.55 минута од видеото во прилог).
Од ДЗС исто така со шега ја коментираа случката.
„Хеликоптерот на МВР беше екстремно прецизен. Респект за нив… Нас ветерот повеќе нè избања, од последната вода по линијата на фрлања“, велат од Дирекцијата.
Ангелов информираше дека во текот на вчерашниот ден имало околу 30 пожари, од кои шест сè уште се активни.
Според него, најкомплексен во моментов е пожарот во реонот Рамно, на територијата на Општина Чучер Сандево. Таму гори ниска вегетација, папрат, трева и грмушки, а на одредени места огнот зафаќа и шумска подлога.
Текстот (Видео) Хеликоптер што гаснеше пожар го „избања“ Ангелов додека даваше изјава на лице место е превземен од МАКФАКС.














