Координаторот на СДСМ во третата изборна единица, Ацо Велковски, упати остри критики за економската и социјалната состојба во земјата, со посебен акцент на земјоделството и сточарството.
Во својата реакција, Велковски директно му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за управувањето со јавните финансии и резултатите од задолжувањата на државата.
„Премиере, земјоделците се на работ на егзистенција! Или помогнете или повлечете се – без циркуси.“
Велковски оценува дека граѓаните се соочуваат со основни егзистенцијални проблеми, додека, според него, здравството, образованието, земјоделието и сточарството се „на колена“.
Тој ги доведува во прашање и тврдењата за економски напредок, прашувајќи каде завршуваат милијардите евра со кои се задолжува државата.
„Каде се парите? Каде се резултатите од тие милијарди?“, прашува Велковски.
Во продолжение, тој упати и директно прашање до премиерот Мицкоски:
„Каде завршува приватниот интерес, а каде започнува државниот интерес?“
Велковски заклучува дека народот има право да знае што се случува со државата, оценувајќи дека земјата, според него, „тоне без надеж за живот“.















