Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под контрола, изјави денес албанскиот министер за одбрана Ермал Нуфи.

Нуфи рече дека пожарникарите се уште се на терен за конечно да го изгаснат пожарот, објавува „Albanian post“.

„Во Химаре состојбата е целосно мирна, ситуацијата е под контрола“, рече Нуфи.

Според него, повеќе од 170 припадници на вооружените сили, над 300 пожарникари и повеќе од 21 противпожарни возила учествувале во операцијата за гаснење на пожарот, а воздушната интервенција започнала утрово во 6:30 часот.

„Немаше загуба на животи или штети на бизниси, благодарение на интервенцијата и посветеноста на сите службени лица“, нагласи Нуфи.

Текстот (Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик е превземен од МАКФАКС.