Џина Дејвис се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги остави сите без зборови. Нејзиниот препознатлив шарм не избледе ни на 71-годишна возраст.

Филмскиот фестивал во Венеција, 83-ти по ред, годинава беше домаќин на бројни убавици од целиот свет. Убавицата Џина Дејвис, исто така, ја искористи можноста да блесне на црвениот тепих и да го покаже својот неодолив шарм. Обожавателите на фестивалот беа воодушевени од нејзиниот изглед, но и од нејзината модна комбинација.

За премиерата на филмот „The Basics of Philosophy“, таа одлучи да носи чиста елеганција, безвременски црн фустан кој многу потсетува на парчињата што ги носеле старите холивудски диви – а Џина беше и останува една од тие жени.

Станува збор за тесна креација што ја следи линијата на телото и ја истакнува зачудувачката фигура на актерката. Фустанот е украсен со дискретно деколте, светки, но и длабок шлиц што му даде на нејзиниот стил доза на сексапил.

Изгледот го надополни со ненаметливи додатоци и фризура, а кога стануваше збор за шминка, се одлучи за голи тонови кои ги истакнуваа нејзините природни црти на лицето.

Така таа докажа дека вистинската убавина навистина лежи во едноставноста!

Текстот (Фото/Видео) Таа беше и останува дива е превземен од МАКФАКС.