Вчера во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во село Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.
При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.




Текстот (Фото) Уапсени пет лица во Галичник: при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети е превземен од МАКФАКС.
















