Додека многумина жалат за крајот на летото, астролошките прогнози за септември најавуваат големи и позитивни промени. Планетарните транзити, според астролозите, отвораат ново животно поглавје, особено на финансиски и личен план.

Јупитер, планетата што во астрологијата се поврзува со среќата и експанзијата, го продолжува патот низ Лав, носејќи оптимизам и нови можности. Како важен датум се издвојува 10 септември, кога Венера влегува во Скорпија, а Меркур во Вага.

Лав – финансиски пресврт и привлекување капитал

За Лавовите септември, според прогнозата, носи долгоочекуван финансиски пресврт. По период на неизвесност, им се отвораат подобри можности за заработка, а Јупитер во нивниот знак дополнително ги засилува самодовербата и амбициите. Најголемите промени се очекуваат токму на материјален план.

Стрелец – хобито може да стане главен извор на заработка

За Стрелците се отвора можност нивното знаење, креативност или хоби конечно да почнат да носат сериозна заработка. Се најавуваат деловни понуди и договори кои можат да обезбедат долгорочна финансиска сигурност. Советот е да не се двоумат да изберат пат што ги спојува личните интереси и заработката.

Риби – решавање на долговите и почеток на бизнис

На Рибите септември им носи финансиско олеснување и чувство дека работите конечно се придвижуваат во нивна корист. Според прогнозата, влијанието на Сатурн и Нептун отвора простор за сосема нов почеток, а може да се појави и можност за започнување сопствен бизнис.

Текстот Три хороскопски знаци ги очекува финансиски пресврт во септември: Пари, нов бизнис и успешни договори е превземен од МАКФАКС.