Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека обидот за руски напад со беспилотни летала врз аеродромот Лајпциг/Хале на почетокот на август ги има сите карактеристики на државен тероризам.

„Нападите во Лајпциг ги имаат сите карактеристики на тероризам спонзориран од државата“, рече Калас во Виклоу, Ирска, каде што се одржува неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Таа најави „решителен одговор“ од ЕУ, истакнувајќи дека се подготвува список од 1.600 субјекти поврзани со рускиот воен комплекс, кој ќе биде додаден на постојниот список на санкции.

ЕУ и многу земји-членки ги повикаа руските претставници во ЕУ на консултации откако германската влада официјално потврди дека Русија стои зад хибридниот напад.

„На денешниот состанок ќе се разговара за тоа што друго можеме да направиме. Мислам дека овие хибридни напади низ Европа се исто така повици за будење за оние земји кои можеби не беа многу цврсти по ова прашање“, рече Калас.

Таа додаде дека ЕУ мора да ги засили своите напори ако сака да заврши војната на Русија против Украина.

Текстот Калас: Нападот со руски беспилотни летала во Лајпциг е тероризам е превземен од МАКФАКС.