Вчера во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода 28-годишниот Х.А. од Радовиш, 22-годишниот Д.П. д село Злеово, радовишко и 26-годишниот Ј.П. од село Подареш, радовишко.

При претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја однеле Д.П. и Ј.П..

За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Претрес во Радовиш, пронајдена дрога: тројца уапсени е превземен од МАКФАКС.