По повод прославата на 35 години Македонија на градскиот плоштад во Скопје, Македонската Кралица Каролина Гочева восхити во бело издание со потпис на дизајнерот Марков.

Таа изгледаше беспрекорно стилизирана од Јована Зука, едноставен природен мејк-ап и фризура во Холивудски стил ја надоплнуваа впечатливата бела тоалета.

Станува збор за дело на Марков, долг фустан со слим линија кој ја оцртува фигурата комплетиран од куса наметка со изразено рамо изработени со вез од кристали во златни мотиви.

Како вистинска дива пеејќи рамо до рамо со светски познатиот тенор Хозе Карерас ја остави публиката без здив, а стајлингот беше надополнет со високи бели ракавици.

Елегантно, маркантно и гламурозно модно издание на Каролина кое несомнено ќе биде запаметено.

Текстот (Фото) Каролина Гочева блесна во Марков за 35 години независност  е превземен од МАКФАКС.