Средбата која денеска го привлече вниманието: координатор на СДСМ во третата изборна единица, Ацо Велковски, се сретна со поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Средбата доаѓа во период кога Велковски ги интензивира активностите меѓу граѓаните, претставувајќи ја платформата и своите идеи за подобар живот на граѓаните.
Токму затоа се отвораат низа прашања: Дали станува збор за консултативна средба или се подготвува нова форма на политичка координација?
Засега нема официјални детали за содржината на разговорот, но едно е сигурно: средбата Заев–Велковски доаѓа во исклучително интересен политички момент и може да најави нови случувања на политичката сцена.
Дали ќе следи соработка, заедничка платформа или нова иницијатива, останува да видиме во блиска иднина.



















