Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го лишиле од слобода 57-годишниот К.Д. од тетовското село Жилче, по пријава за пукање со огнено оружје.
Како што информираат од полицијата, на 29 август во 23:40 часот, при преземените мерки во дворот на викенд-куќа биле затекнати четири лица. Кај К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина куршуми, додека во дворот биле констатирани и траги од истрели.
При извршените проверки било утврдено и дека 57-годишникот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,63 промили алкохол во крвта.
К.Д. е лишен од слобода и задржан, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Текстот Кај 57-годишник пронајдени два пиштоли и куршуми е превземен од МАКФАКС.














