Три лица се лишени од слобода во Гостивар во одделни полициски постапки, при што кај нив и во простории поврзани со едно од лицата била пронајдена марихуана.
На 29 август во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Л. (22) од село Видуше и Ѓ.Т. од Гостивар.
При преземените мерки и активности, кај А.Л. била пронајдена марихуана. Подоцна, во 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што повторно била пронајдена марихуана.
Во друг одделен случај, на 30 август во 00:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.А. (19) од село Падалиште.
При извршениот преглед кај него била пронајдена марихуана, а пред влезната врата од зградата во која непријавено престојувал, во картонска кутија, биле пронајдени марихуана и дигитална вага.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни пријави.
Текстот Тројца лишени од слобода во Гостивар, полицијата пронајде марихуана и дигитална вага е превземен од МАКФАКС.














