Густ црн чад се издига над Водно, откако на видиковецот избувнал пожар во двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека скопските пожарникари се на терен и работат на гаснење на пожарот. Според првичните информации, се очекува огнот набргу да биде ставен под целосна контрола.
Засега нема опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација, а пожарникарите преземаат мерки за локализирање на пожарот и спречување на негово евентуално проширување.
Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуално повредени лица и причинетата материјална штета. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на интервенцијата.
Текстот Густ црн чад се издига над Водно, запален двокатен автобус на ЈСП е превземен од МАКФАКС.


















