Screenshot

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град има северозападно од Куманово, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, постои можност невремето да зафати и делови од Куманово.

Од Управата за хидрометеоролошки работи денеска информираа дека попладнево наместа времето било нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, проследено со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Од УХМР најавија дека до крајот на денот ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето.

Текстот Големо невреме вечерва северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот е превземен од МАКФАКС.