Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека улицата „Ферид Мурад“, една од најзначајните сообраќајници во Чаир, денес се асфалтира во најголем дел, со што целосната реконструкција на улицата влегува во завршна фаза.
Со оваа инвестиција, улицата добива нова и функционална инфраструктура, со што значително се подобруваат условите за сообраќај и секојдневието на граѓаните во овој дел од Чаир.

„Улицата ‘Ферид Мурад’, една од најзначајните сообраќајници во Чаир, денес го добива својот нов лик. Нова инфраструктура, инвестиција која значително го менува овој дел од Чаир и го подобрува секојдневието на граѓаните. Улица по улица, проект по проект, го градиме Чаир што го ветивме. А денес, резултатите од оваа работа се гледаат насекаде“, изјави Меџити.

Реконструкцијата на улицата „Ферид Мурад“ е дел од инфраструктурните инвестиции што се реализираат на територијата на Општина Чаир, со цел модернизација на патната инфраструктура и создавање подобри услови за граѓаните.

Текстот Меџити: Улицата „Ферид Мурад“ добива нов лик, целосната реконструкција е во завршна фаза е превземен од МАКФАКС.



















