Геенералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, упати јавен повик до Апелациониот суд да постапи во „Талир 2“ и рече дека случајот не смее да заврши со спас на Никола Груевски.

„Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за Груевски. Апелација има само неколку дена да одлучи, до 31 август и затоа треба веднаш да постапи по жалбите на Обвинителството. Партизираното судство под контрола на Мицкоски го ослободи Никола Груевски со првостепената одлука и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО-ОКГ. Претходно предметот „Талир 2“ беше одземен од поранешниот обвинител како класичен пример на политичко влијание врз текот на истрагите“, рече Димитријевиќ.

Тој обвини дека партизираното правосудство донело ослободителна пресуда за, како што вели, менторот на Мицкоски – Никола Груевски и спас на криминално стекнатиот имот на ВМРО.

„Мицкоски го спаси Груевски, се уште не распишува ниту потерница по него. Сега Апелацискиот суд има шанса да ја поправи грешката и да создаде нова шанса за правда. Судството мора да им служи на граѓаните, а не за спас на криминалот на власта“, рече Димитријевиќ.

Текстот Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски, вели Димитријевиќ е превземен од МАКФАКС.