Утрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба, информира градоначалникот, Бобан Стефковски.
Во текот на ноќта екипите поминаа низ Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и Железара.
Акцијата беше реализирана во координација помеѓу Центарот за јавно здравје, Град Скопје и Општина Гази Баба, со една заедничка цел – навремено и ефикасно превентивно делување за заштита на здравјето на граѓаните.
„Ова не е еднократна акција. Со засилените превентивни активности продолжуваме и во следните денови, согласно состојбата на терен и препораките на надлежните институции. Заштитата на животот и здравјето на граѓаните останува наш највисок приоритет“, вели Стефковски.
Текстот Рано утрово извршено трето вонредно прскање против комарци низ Гази Баба е превземен од МАКФАКС.


















