Ким Кардашијан на својот инстаграм-профил ги повика сите што ја навредувале за нејзиниот изглед и ја споредувале со „кит“ во текот на нејзината бременост во 2013 година.

Славната Кардашијан се присети на своето непријатно искуство откако по гледањето на документарецот за Бритни Спирс, кој ја следи нејзината кариера и бруталноста на медиумите кои го пренесуваа секој детал од нејзиниот нервен слом во 2007 година.

Конечно го гледав документарецот за Бритни Спирс оваа недела и ме натера да чувствувам многу епатија кон неа. Начинот на кој медиумите играа голема улога во нејзиниот живот на начин кој може да биде многу трауматизирачки и навистина може да ја скрши и најсилната личност“, се огласи Ким, велејќи дека никој не заслужува да се третира со толкава суровост за забава.

Насловни страници од медиуми кои Ким ги прозва во својата објава на својот профил / Instagram

Гледајќи на моите искуства во минатото, се сеќавам на времето кога се чувтвував така. Кога бев бремена со Норт, страдав од прееклампсија, поради што моето тело отекуваше неконтролирано. Се здебелив над 20 килограми и се породив скоро 6 недели порано… Плачев секој ден за тоа што се случуваше со моето тело, најмногу поради притисокот што го чувствував… Постојано се споредував со она што општестовто го сметаше за здрава бремена личност… Медиумите ме споредуваа со Шаму кит… Кога гледав мои фотографии на Интернет и во списанија се чувствував толку несигурна и со страв се прашував дали некогаш ќе успеам да си го вратам телото во нормала“, вели Ким реферирајќи на китот убиец кој настапуваше на „SeaWorld“.

Instagram
Instagram

Се срамев од приказните и насловните страници кои беа толку болно искуство, поради што не излегував од дома со месеци. Тоа навистина ме скрши“, продолжи таа.

Instagram
Instagram

За среќа, успеав овие фрустрирачки и засрамувачки чувства да ги канализирам во мотивацијата што ме доведе овде каде што сум денес, но ако кажам дека сево ова не ме сруши ментално, би било лага. Го споделувам ова само за да кажам дека навистина се надевам дека сите вклучени во овој бизнис чија суровост може да повреди некој до степен на распаѓање, да се обидат да покажат разбирање и сочувство. Вие едноставно никогаш не знаете низ што поминува некој…“, продолжи Ким.

Instagram
Instagram

Риалити ѕвездата ја роди својата ќерка Норт во јуни 2013 година, синот Сент во 2015 година, а подоцна доби уште две деца од сурогат мајки. Минатиот месец таа поднесе барање за развод од раперот Канје Вест, со кого беше во брак скоро седум години.