Бугарската претседателка Илијана Јотова за време на одбележувањата на Шипченската епопеја на врв Шипка во Бугарија изјави дека сè уште нема одговор на писмото што ѝ го испратила на претседателката Сиљановска-Давкова во врска со понатамошното лекување на 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, јавува БНТ, пренесува Трибуна.

„Напишав писмо до претседателката Сиљановска, во кое ѝ ги предложив двете можности – или конзилиум од бугарски лекари да утврди како ќе продолжи лекувањето на девојката, или таа да биде лекувана таму“, рече Јотова.

Таа наведе дека писмото официјално било испратено и заведено на 11 август годинава.

„До овој момент немам апсолутно никаков одговор. Во писмото ја замолив и како човек и како жена да му помогне на ова 23-годишно девојче да не остане лице со инвалидитет. Зошто немам одговор, оставам на вас“, изјави Јотова.

Бугарската претседателка најави дека во средината на септември ќе има посебна средба со генералниот секретар на Советот на Европа во Стразбур.

„Едно од прашањата што ќе ги поставам е судбината на Михаилова“, додаде Јотова.