Актерот Џон Стамос го прослави својот 63-ти роденден на 19 август, а по тој повод ги почасти своите следбеници со необична објава на Инстаграм, која, како што се очекуваше, привлече големо внимание. Тој објави црно-бела селфи фотографија на која позира без облека, а лицето го покри со мобилниот телефон.

Селфито е направено во бањата, пред огледалото, а сликата е внимателно врамена за да интригира, но да не открие премногу.

Еден од актерите кој е познат како холивудски заводник покажа дека е во одлична форма дури и на почетокот на својата седма деценија, а самиот претходно зборуваше за тоа дека е свесен дека старее, но дека не се чувствува така, бидејќи се грижи за себе.

Сега го докажа тоа, а еден од неговите следбеници остави коментар цитирајќи ја неговата позната реплика: „Боже, имај милост!“.

Тој откри дека вежба три до четири пати неделно и дека спие многу, и дека неговата сопруга го променила на подобро, но дека никогаш не би ја запознал ако не престанел да пие алкохол пред десет години.

Тој е во брак со актерката и модел Кејтлин Мекхју од 2018 година, и тие имаат син, Били. Претходно беше во брак со моделот и актерка Ребека Ромен од 1998 до 2005 година.

Текстот (Фото) Холивудскиот заводник позираше гол за 63-тиот роденден е превземен од МАКФАКС.