Цвеклото припаѓа на истото семејство како спанаќот и блитвата, а покрај специфичниот вкус и исклучителната боја, цвеклото нуди неколку неверојатни придобивки за здравјето кога се консумира сурово или приготвено.

Поради густината на хранливите состојки кои ги содржи цвеклото, многумина го класифицираат високо на листата на суперхрана. Содржи минерали, витамини и други важни хранливи состојки кои позитивно влијаат на здравјето, па затоа е важно да го вклучите во вашата дневна исхрана, пишува „News 18“.

unsplash

Смирува воспаленија

Цвеклото е богато со фитонутриентот беталаин, кој го зголемува процентот на антиоксиданти во овој зеленчук. Со тоа, цвеклото има антиинфламаторно дејство, со што се спречува развојот на хронични воспаленија. Научниците докажаа дека конзумирањето цвекло помага и во ублажување на болката при остеоартритис.

Го зајакнува варењето на храната

Цвеклото е одличен извор на диетални влакна. Глутамините, аминокиселините и влакната го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, спречуваат запек и помагаат за олеснување на воспалителните процеси во цревата нечени дивертикулитис. Тие го стимулираат метаболизмот и го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево. Цвеклото има мала енергетска вредност, но создава чувство на ситост.

Помага за здравјето на мозокот

Нитратите кои ги содржи цвеклото ја подобруваат когнитивната функција. Тие помагаат во проширување на крвните садови и го зголемуваат протокот на крв во мозокот и со тоа му помагаат на органот да работи подобро.

Го контролира крвниот притисок

Нитратите кои се добри за мозокот истовремено помагаат во одржување на здравјето на циркулаторниот систем. Тие го намалуваат крвниот притисок и го штитат здравјето на срцето.

Има антиканцерогени својства

Цвеклото помага во производството на бели крвни зрнца кои спречуваат раст на абнормални клетки. Благодарение на високата содржина на витамини Б6, Ц, фолна киселина, магнезиум, калиум, железо, фосфор и протеини, цвеклото е идеален оброк кој ги има сите неопходни состојки. Покрај тоа, екстрактот од цвекло го намалува растот и размножувањето на тумороидни формации.