Најголемиот шумски пожар во Белгија во последните сто години е ставен под контрола по седумдневната битка во природниот резерват Хај Фенс. Околу 350 пожарникари и други служби за итни случаи се уште се на терен, а во гасењето, од минатата недела, помагаат и земјоделците. Канцеларијата на локалниот гувернер соопшти дека пожарот сега е под контрола и не се очекува да се прошири понатаму. Сепак, додаде дека ова ќе зависи од временските услови и други непредвидени околности, објави Euronews.
Belgium’s largest wildfire on record has burned more than 7,400 acres in the High Fens nature reserve and was moving towards the German border on August 16. The blaze, which started on August 14, has been fought by firefighters from Belgium, Germany and Luxembourg. The EU also… pic.twitter.com/eCOsAEcqqc
— TRT World (@trtworld) August 16, 2026
Големина на пожарот
Во текот на викендот, пожарот во резерватот Хај Фенс се прошири брзо, покривајќи површина споредлива со половина од Менхетен. Изгореа големи површини со тресетишта, борови шуми и пешачки патеки. Во текот на ноќта, пожарникарите се бореа со неколку нови жаришта и успеаја да ги стават под контрола. Условите беа исклучително тешки поради силните ветрови што дуваат во источниот регион долж германската граница. Помал град надвор од паркот беше исто така погоден од мало торнадо.
Операциите продолжуваат
Според канцеларијата на гувернерот, пожарот на западната страна е целосно изгаснат. Операциите на источната страна продолжуваат сè додека конечно не се изгасне. Седум авиони од Германија, Норвешка, Белгија и Шведска испуштаат вода на работ на пожарот и околното подрачје, каде што температурите на земјата остануваат многу високи.
Шумски пожари низ Европа
Европа со недели се бори со масовни шумски пожари, поттикнати од сушата и високите летни температури. Големи пожари се активни и во Франција, Грција, Португалија и Шпанија.
Текстот (Видео) По седумдневни борби, најголемиот шумски пожар во Белгија во последните сто години, е ставен под контрола е превземен од МАКФАКС.















