Претседателот Мицкоски спомна предвремени избори, СДС се исплашија и ги снема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека едно е да се биде гласен пред камерите, а сосема друго да се излезе пред граѓаните и да се побара нивната доверба.

„Ако СДС е толку убеден дека граѓаните се на нивна страна, зошто тогаш молчат кога ќе се споменат избори?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски спомна предвремени избори, СДСМ се исплашија и ги снема е превземен од МАКФАКС.