Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширење лаги и паника поврзани со водата за пиење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да преземат одговорност за, како што велат, кажаните измислици и за тоа јавно да им се извинат на македонските граѓани, од СДС продолжуваат со потполно истата матрица.
„Нов ден, нова политичка конструкција и нов обид за создавање хаос. СДС повторно се обидува да наметне политичка тема преку создавање непотребна паника и ширење тврдења кои не се потврдени со факти.
Наместо да се соочи со сопствените пропусти и да понуди одговори за своето политичко дејствување, опозициската партија продолжува со познатата стратегија на политички напади и дневни конструкции.
Кога фактите не им одговараат, СДС создава нова приказна. Кога ќе пропадне една конструкција, следи нова. Но, граѓаните веќе јасно ја препознаваат оваа политика на СДС која произведува приказни и создавање недоверба, и ВМРО-ДПМНЕ која работи и испорачува резултати во интерес на сите“.
Од СДС, порачуваат од владејачката партија, може да покажат трошка доблест и да одговорат каде беше партијата кога на граѓаните во Гостивар им била потребна конкретна помош, зошто не обезбедиле ниту еден пакет вода и зошто не барала одговорност од градоначалникот Валбон Лимани, за кој бараа поддршка на минатите избори.
Дополнително, прашуваат, до кога нивниот политички хаос и неуспех ќе го покриваат со нов спин, лага, дезинформација и нов обид за создавање паника и недоверба кај граѓаните.
„Венко Филипче може да ужива на продолжениот одмор со Зоран Заев на милионската јахта во Паљури, но нема да може бесконечно да бега од хаосот и хистеријата кои ги прави партија чиј формален претседател e.
Македонија нема потреба од опозиција која својата неспособност и немањето идеи сака да ги скрие со создавање на хаос, паника и страв, туку на граѓаните им требаат работа, стабилност и конкретни резултати за подобар живот.
Наспроти хаосот на талогот на СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да одговара на обидите за политички манипулации со факти, конкретна работа и резултати и тоа граѓаните добро го гледаат“.
Текстот Пред фактите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширење лаги и паника поврзани со водата за пиење, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.


















