Европската унија ја поздрави одлуката на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина да ги почитуваат рестриктивните мерки на ЕУ кон Белорусија, објави денес високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Овие земји изјавија дека ќе ги усогласат своите национални политики со одлуката на ЕУ, а Унијата објави дека ја зела предвид нивната посветеност и ја поздравила таа одлука, објави „Бриселс тајмс“.

Во јули, Советот на ЕУ одлучи да воведе рестриктивни мерки против Белорусија „поради нејзиното учество во руската агресија против Украина“, пренесува Танјуг.

Текстот Калас: ЕУ ја поздравува одлуката на девет европски земји да ги почитуваат санкциите против Белорусија е превземен од МАКФАКС.