За време на новиот руски напад врз Херсон, граната од дрон падна директно во креветчето каде што спиеше двегодишно момче. Не експлодираше, а детето за чудо преживеа без повреди, објави украинскиот портал Censor.NET, повикувајќи се на полицијата во областа Херсон.

Според полицијата, руската војска продолжила со нападите врз цивили во текот на ноќта. Неколку напади од различни видови на дронови за напад се регистрирани во самиот регион Херсон.

„Руската војска насочила еден од дроновите кон приватна семејна куќа во Централниот округ. Проектилот од дронот пробил низ прозорецот на собата и паднал директно во креветчето каде што мирно спиело двегодишно момче“, се вели во полициското соопштение.

Според полицајците, чудо е што детето не е повредено. Мајката и синот веднаш биле однесени во блиската болница на преглед, а лекарите потврдиле дека нивните животи не се во опасност.

Полицијата, во соработка со волонтери, моментално организира евакуација на семејството во друг, побезбеден град. Полициските службеници ја отстранија експлозивната направа од креветчето на детето, со што се документира уште едно воено злосторство од страна на руската армија.

Текстот (Фото) Руска граната падна во креветчето на 2-годишно момче во Украина е превземен од МАКФАКС.