Синоќа полицијата казни 63 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, уапсени се осум возаччи.
„Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по девет на територија на СВР Велес и СВР Охрид, осум на територија на СВР Куманово…“, соопшти МВР.
Лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик.
За време на контролата санкционирани се и 162 други видови на прекршоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Текстот За една ноќ, казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, осумммина уапсени е превземен од МАКФАКС.




















