„СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И за тоа немаат ниту грам срам, грижа на совест, ниту одговорност, ниту пак имаше извинување од нив за хистеријата и дезинформациите кои ги ширеа по насока на двоецот Венко Филипче и Зоран Заев додека уживаат на јахта во Грција.
Но додека СДС се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата.
Така, во Гостивар надлежните институции за неполн месец целосно, како никогаш до сега, го исчистија градскиот водоводен систем и по сите потребни направени испитувања, се потврди дека водата е безбедна за пиење.
Гостиварци веќе имаат безбедна питка вода, а СДС, наместо да ги прифати фактите, со своите настапи продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.
Граѓаните не треба и не смеат да бидат заложници на партискиот хаос и паника кој владее во СДС и кои сега, додека Филипче е на Паљури со Заев, се поголеми од кога било.
Затоа им порачуваме на СДС, наместо да измислуваат кризи, подобро повеќе да се занимаваат со самите себе, да се справат и да го решат сопствениот хаос и дезориентираност во кој длабоко се заглавени“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е безбедна, а водоводниот систем е целосно исчистен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.



















