Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар.

Според првичните податоци прикажани од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот.

Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во планинскиот предел западно од Тетово и северозападно од Гостивар.

Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.

Текстот Земјотрес попладнево во Македонија е превземен од МАКФАКС.