Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако при изведување градежни работи во Тетово бил оштетен оптички кабел во сопственост на Министерството за внатрешни работи.
СВР Тетово поднело кривична пријава против В.К. (53) од Тетово и Ј.А. (27) од селото Цветово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.
Според МВР, на 28 март 2026 година, првопријавениот, како одговорно лице во правно лице, го ангажирал второпријавениот да изведува градежни работи со багер на надвозникот над улицата „Маршал Тито“ во Тетово.
При ископот, со градежната машина бил откинат оптички кабел кој е во сопственост на Министерството за внатрешни работи.
Текстот Со багер при градежни работи бил оштетен оптички кабел на МВР во Тетово е превземен од МАКФАКС.


















