Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што работела како сезонски работник. Нејзиното исчезнување било пријавено на 13 август во местото Станичи, а се верува дека нејзиното тело е пронајдено по стравичниот пожар, пренесува „Индекс“.
Според информациите што се појавија во јавноста, Антешевиќ била во автомобил со уште две лица додека бегале од пожарот што го зафатил подрачјето. Во еден момент таа излегла од возилото и оттогаш не е видена. Едно од лицата што биле во автомобилот, според досегашните информации, е тешко повредено.
Семејството дало ДНК-примероци
Нејзиното семејство веднаш ги контактирало надлежните служби во Хрватска и доставило ДНК-примероци за идентификација. Сопругот на Драгана Антешевиќ отпатувал во Хрватска за да ја следи ситуацијата на терен и да се обиде да дознае што се случило, објави порталот БЛ.
Интензивна потрага по теренот
Во потрагата по исчезнатата Драгана биле вклучени полицијата и припадници на Хрватската горска служба за спасување (ХГСС), кои детално го пребарале подрачјето каде што жената последен пат била видена.
Полицијата ја објавила нејзината фотографија и личните податоци и ги повикала граѓаните да пријават каква било информација што би можела да помогне во нејзиното пронаоѓање.
Во меѓувреме, на пожариштето кај Омиш било пронајдено тело за кое постои сомнеж дека ѝ припаѓа на исчезнатата Драгана Антешевиќ. Нејзиниот идентитет треба да биде потврден со ДНК-анализата.
Текстот Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци е превземен од МАКФАКС.














