Бразилскиот супермодел Алесандра Амбросио (45) се вери со австралискиот дизајнер на накит Бак Палмер, а двојката ја објави среќната вест на Инстаграм со серија романтични објави.

Откако објавија фотографии од нивното романтично запросување на плажа, Палмер и Амбросио продолжија да уживаат во одморот, а потоа убавата манекенка го покажа вереничкиот прстен што го доби. И сите останаа без зборови.

На една фотографија, со натпис „Идната госпоѓа Палмер“, која ја направил Палмер, може да се види како ја држи раката на својата вереница, додека таа се насмевнува и позира во бикини. На друга фотографија, младенците позираат во бањарки и гордо го покажуваат импресивниот веренички прстен на Амбросио.

На своите Инстаграм приказни, тие открија дека се вериле четири месеци пред да ја споделат веста со јавноста.

„Рековме ‘да’ засекогаш. Го чувавме овој прекрасен момент за себе, а сега сме толку среќни што конечно можеме да го споделиме со сите“, напишаа тие.

Впечатливиот прстен ги остави сите без здив, а многумина го споредуваат со вереничкиот прстен што Георгина го доби од Роналдо. И двата се луксузни, а имаше коментари дека можеби каменот е преголем за секојдневно носење.

Текстот (Фото) Ја прослави својата свршувачка во секси бикини: Го покажа прстенот, а потоа и задникот е превземен од МАКФАКС.