Американскиот Стејт департмент го задржа второто ниво на безбедносно предупредување за патување во Германија, со совет до американските граѓани да бидат „особено внимателни“.
Главната причина за предупредувањето е зголемената опасност од тероризам. Во препораката се наведува дека терористички групи и поединци претставуваат постојана закана во Германија и Европа, а нападите може да се случат без најава или со многу кратко предупредување.
Како можни цели се наведуваат туристички места, аеродроми и железнички станици, трговски центри, пазари, хотели, ресторани, верски објекти, паркови и големи спортски и културни настани.
Германија е на истото, второ ниво како Франција, Италија и Шведска. За разлика од нив, Швајцарија, Австрија, Португалија, Полска и Норвешка се на најниското, прво ниво, без посебни предупредувања.
Цела Шпанија исто така е на второ ниво, но за Сеута е издадено посериозно предупредување од трето ниво поради безбедносната ситуација.
Највисокото, четврто ниво, со препорака да не се патува, е издадено за земји меѓу кои се Русија, Украина, Иран, Ирак и Сирија.
Текстот САД ги предупредија граѓаните на зголемена претпазливост при патување во Германија е превземен од МАКФАКС.
















