Ситуацијата со пожарот над село Габер е под контрола, објави Центарот за управување со кризи.

Од таму најавија дека во текот на денешниот ден повторно ќе интервенираат авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел дополнително да се стабилизира ситуацијата и пожарот целосно да биде изгаснат.

„Службите беа на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи продолжува со максимална координација со сите надлежни институции“, велат од ЦУК.

Текстот Пожарот над село Габер под контрола е превземен од МАКФАКС.