Шеесет и петгодишен работник од Скопје загина во несреќа на работното место во општина Аеродром.
Случајот бил пријавен вчера околу 12:25 часот во полицијата од екипа на Итната медицинска помош, од каде било известено дека во круг на фирма има починато лице.
Според пријавеното, В.Н. (65) од Скопје извршувал работни задачи кога бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил.
За случајот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Текстот Работник загина откако бил прегазен од виљушкар во фирма во Аеродром е превземен од МАКФАКС.

















