Актерот Метју Меконахи (56) беше фотографиран со својата сопруга Камила Алвес (43) и нивните три деца – синовите Леви (18) и Ливингстон (13), како и ќерката Вида (16), на специјалната проекција на неговиот филм „The Rivals of Amziah King“ во Остин, Тексас.
На една фотографија, Метју позираше насмеан во темно сино одело, покрај Камила и Ливингстон. Од другата страна стоеше Вида во елегантен црн фустан. Најстариот син Леви позираше со својата мајка и многумина забележаа дека неверојатно личи на својот славен татко, објавува „Пипл“.
Познато е дека Меконахи и неговата сопруга ја чуваат својата приватност строго за себе и многу ретко се појавуваат заедно, но сега направија исклучок.
Овој април, Метју Меконахи беше гостин во емисијата „Bear Grylls Is Running Wild”, каде што зборуваше за тоа зошто смета дека родителството е едно од најважните нешта што еден човек може да ги постигне во животот.
Таткото на три деца рече дека верува оти „најголемото уметничко дело“ што еден човек може да го создаде е да биде добар татко на својот син или ќерка.
„Мислам дека еден човек е принц сè додека не добие деца, а потоа станува крал. Не мислам дека има нешто поважно што еден човек може да го направи“, изјави Метју за Bear Grylls.
Тој додаде дека децата се начинот на кој човекот остава свој белег.
„Сите сме смртници. Тоа е почетокот на нашата бесмртност. Се надевам дека нашите деца еден ден ќе имаат свои деца и тоа ќе се пренесува низ генерациите. Верувам дека најголемото дело што еден човек може да го создаде е да биде добар татко на својот син или ќерка.“
Текстот (Фото) Холивудскиот заводник во ретко семејно излегување: сите гледаат во неговата прекрасна сопруга е превземен од МАКФАКС.




















