„И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците. Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат за лично богатење“, велат од Влен.

„Толку е долга листата на корумпираните функционери на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги полнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно зборуваше за „ендемска корупција“ и токму на овие што денес се удираат в гради со „албанството“ им стави печат на корупција.

Колку и да е болна, ова е наследството на нивното владеење. Сопот, Енциклопедијата, „Скопје 2014“, „Монструм“, „Дива Населба“, масовното прислушување, малиот Алмир, „Дурмо Турс“, „Беса Транс“, „Отворен Балкан“, модуларната болница, казината и игрите на среќа, бегствата од правдата, помошта за бегството на Никола Груевски, спасувањето на Сашо Мијалков преку Артан Груби и Енвер Беџети, како и многу други кражби и манипулации.

Ова е нивната вистина, која не можат да ја сокријат ниту со документарци, ниту со видео-пораки, ниту со скапо платени панели.

Охридскиот договор им припаѓа на Албанците. Тој не е тапија на Али Ахмети, ниту семејно наследство на фотељашите од ДУИ“, се наведува во соопштението на Влен.

Текстот „ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат“, велат од Влен е превземен од МАКФАКС.