Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот фејсбук-про профил објави сериозни прашања и обвинувања насочени кон премиерот Христијан Мицкоски, Владата и актуелниот градоначалник на Општина Лозово, Бошко Цветковски, поврзани со сомнежи за незаконитости во изградбата на амфитеатар и парковски уредувања од мај 2025 година.

Велковски во својата објава јавно ги постави следните прашања:

ДО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОВСКИ, ВЛАДАТА И БОШКО ЦВЕТКОВСКИ — ОДГОВОРЕТЕ!
Во мај 2025 година во Општина Лозово се изведувале работи на амфитеатар и парковски уредувања, при што се поставуваат сериозни прашања околу законитоста на изведбата.
Зошто фирмата до сега не може да си ги наплати 300.000 евра за веќе изведената работа?
Според информациите со кои располагаме, градоначалникот Бошко Цветковски на терен го испраќал својот заменик-градоначалник претседател на ок вмро-дпмне Лозово да се претставува како надзор, иако не станува збор за овластен надзорен орган, дополнително амфитеатарот бил изграден на диво каде по урбанистичкиот план се предвидувале изградба на куќи за домување, дополнително строго по сите закони амфитеатарот бил изграден врз цевка од хидросистемот ,,Калиманци”.
Дали токму ваквиот начин на ,,лажен надзор“ овозможил подоцна да настанат проблеми со документацијата, наплатата и евентуално стекнување противправна материјална корист?
Дали врз фирмата или надзорниот орган се вршат притисоци, закани или уцени за да се потпишат документи за веќе изведени диви градби без соодветен надзор и без уредно водење на градежна книга?
Ако овие наводи се неточни — демантирајте ги јавно и со документи.
Ако се точни — кажете кој притиска, кој наредува и кој ќе одговара!
Граѓаните имаат право да знаат:
КАДЕ СЕ ПАРИТЕ, КОЈ ЈА БЛОКИРА ИСПЛАТАТА ОД 300.000 ЕВРА И ЗОШТО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ МОЛЧАТ?
ДО ЈО, ДКСК, ДЗР И СИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ: НЕ МОЛЧЕТЕ ОВА Е ОД МАЈ 2025 ГОДИНА.
Станува збор за сериозни сомнежи за можни незаконитости поврзани со 300.000 евра јавни средства. Испитајте го случајот и кажете ја вистината пред граѓаните.