Алесандра Амбросио се сврши со австралискиот дизајнер на накит и поранешен модел Бак Палмер по речиси две години врска. Бразилската манекенка (45) вчера ја објави веста за својата свршувачка на Инстаграм.

„Би те избрала во овој живот и во секој друг. Засекогаш, љубов моја“, напиша таа покрај фотографиите од запросувањето.

Палмер (44) ѝ предложи брак на Амбросио за време на нивниот престој во Индонезија. На објавените фотографии, тој е прикажан како клекнува пред неа на плажа додека таа е во бикини. На други фотографии, двојката е прикажана како се гушка, а Амбросио го покажува својот дијамантски веренички прстен. Тие, исто така, позираа во срце направено од ливчиња од роза.

Амбросио и Палмер се забавуваат од крајот на 2024 година, а првпат беа романтично поврзани откако беа видени заедно на забава за време на Арт Базел во Мајами.

Пред Палмер, Амбросио беше во долгорочна врска со американскиот претприемач Џејми Мазур. Тие се свршија во 2008 година, но ја раскинаа свршувачката десет години подоцна. Поранешната двојка има две деца, 17-годишната ќерка Анја и 14-годишниот син Ноа.

Бразилскиот модел има успешна кариера која трае повеќе од две децении, а на пошироката јавност ѝ е најпозната како еден од поранешните ангели на „Викторијас Сикрет“.

Текстот Се сврши убавицата Алесандра Амбросио , објави фотографии од запросувањето е превземен од МАКФАКС.