Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.
„На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Соговорниците разговараа за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно унапредување на односите, со посебен фокус на политичката и економската соработка“, соопшти Министерството.
Било нагласено дека, во време на зголемени безбедносни предизвици и ризици, американско-македонското стратешко партнерство, безбедносната соработка и сојузништвото во НАТО се од особено значење за стабилноста и безбедноста.
На средбата била потврдена заемната посветеност на натамошно продлабочување на билатералната соработка и унапредување на пријателските односи, при што била поздравена и неодамна одржаната втора сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон.
Текстот Муцунски – Варнес: Потврдени добрите односи меѓу Македонија и САД е превземен од МАКФАКС.



















