Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент во понеделник го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава.
Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија.
Услови за спроведување на законот
Мерката ќе стапи на сила откако безбедносните служби ќе потврдат дека ПКК и нејзините подружници се распуштиле и целосно се разоружале.
ПКК го објави своето распуштање во мај 2025 година, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава. Оттогаш, некои борци почнаа да го положуваат оружјето, а групата, исто така, објави дека се повлекува од Турција во северен Ирак.
Меѓународна позиција за ПКК
Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Конфликтот меѓу курдските милитанти и турската држава однесе десетици илјади животи од 1980-тите.
Текстот Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК е превземен од МАКФАКС.














