Переира, еден од централните градови во колумбискиот регион познат по одгледување кафе, е меѓу најтешко погодените места во разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени. Според најновите локални податоци, најмалку 47 лица загинаа во градот. Вкупниот број на жртви е најмалку 111.
Видео од моментот кога зграда во Переира се урива практично за секунда, до темел, беше објавено на социјалните мрежи. Морничавиот момент предизвика голема паника кај луѓето кои излегоа на улица по земјотресот и се најдоа во непосредна близина.
Imágenes del temblor en colombia
pic.twitter.com/eq4CPWWfyz — Ramsés (@Ramxees) August 10, 2026
Кали беше исто така силно погоден. Градоначалникот Алехандро Едер објави дека таму се урнале 26 згради, а спасувачките екипи бараат луѓе под урнатините.
Според најновиот официјален биланс на состојба на колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела, земјотресот одзеде најмалку 111 животи, а 87 повреди низ целата земја. Пријавени се 1.575 оштетени куќи, додека 37 куќи се целосно уништени.
Земјотресот ја погоди западна Колумбија во понеделник наутро, со епицентар во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко.
Текстот (Видео) Застрашувачки снимки од земјотресот во Колумбија: зграда се урна за секунда е превземен од МАКФАКС.














