На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, обвинија од СДСМ.
„Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат. За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. За македонско знаме – аматери. Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба“, велат од СДСМ.
Од опозицијата бараат Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже која компанија била ангажирана, кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет, колку пари се потрошени и кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?
Текстот СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност е превземен од МАКФАКС.


















