Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“, открива дека бојата на облеката што ја носиме игра значајна улога во нивното привлекување.
Според научниците, женките од комарците Aedes aegypti реагираат на одредени бои дури откако го согледуваат јаглерод диоксидот што луѓето го издишуваат. Откако ќе го почувствуваат здивот, тие се насочуваат кон црвена, портокалова, црна и сино-зелена боја, додека во експериментите речиси целосно ги игнорирале зелената, сината, виолетовата и белата боја.
Раководителот на истражувањето, Џефри Рифел, објаснува дека комарците комбинираат повеќе сигнали: мирисот на здивот, телесната температура и визуелните стимули. Дополнително, човечката кожа, без оглед на пигментацијата, за нив емитува силен сигнал тaкa што спаѓа во црвено-портокаловиот спектар.
Иако носењето бела облека не гарантира целосна заштита од убоди, научниците истакнуваат дека избегнувањето на црните и црвените нијанси во текот на летните вечери е уште еден корисен чекор во борбата против досадните инсекти.
Текстот Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите е превземен од МАКФАКС.

















