Четириесет и петгодишна скопјанка синоќа била пронајдена почината во стан во скопската населба Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот извештај, случајот бил пријавен вчеравечер (8 август) во 20:30 часот во СВР Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош на местото на настанот констатирал смрт кај Е.Д. (45) од Скопје.
По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Текстот Пронајдена почината 45-годишна жена во стан во Карпош е превземен од МАКФАКС.
















