Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот „Србија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот извештај, несреќата била пријавена вчера (8 август) околу 11:40 часот. Патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Х.М. од Скопје, излетало надвор од коловозот и удрило во метална канделабра.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.М., додека со телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ѓ. (20) од Скопје. Повредените биле пренесени во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде што им биле констатирани повредите.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Текстот Сообраќајка на булеварот „Србија“: „тојота“ излета од патот и удри во канделабра, повредени две лица е превземен од МАКФАКС.
















