Иранската агенција „Мехр“ објави видео од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи, во време кога се зголемуваат шпекулациите за неговото здравје. Сепак, не е познато кога или каде е направена снимката.

Иранската новинска агенција објави кратко видео на кое се гледа врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во време кога јавноста повторно шпекулира за неговото здравје.

Во видеото, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и наофицијалната веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе. Агенцијата, сепак, не прецизираше кога и каде е направено видеото, ниту ги идентификуваше лицата што се појавуваат во него.

Видеото е објавено по извештаите и објавите на социјалните мрежи во кои се тврди дека Хамнеи е хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Овие тврдења сè уште не се независно потврдени.

Моџтаба Хамнеи беше избран за врховен лидер на Исламската Република во март оваа година, откако неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен на 28 февруари, првиот ден од американските и израелските напади врз Иран.

Новиот врховен лидер не се појави во јавноста од тогаш, поради што објавувањето на новото видео привлече посебно внимание.

Некои ирански профили на социјалните мрежи тврдат дека видеото не е ново и потекнува од претходен период, односно од предавањата на Хамнеи во Ком. Како аргумент, тие наведуваат дека иранските медиуми не го објавиле датумот или локацијата на снимањето.

Во исто време, некои коментатори веруваат дека објавувањето на стариот материјал може да биде обид на властите да ги намалат шпекулациите за здравјето на врховниот лидер. Сепак, нема независна потврда за ваквите тврдења.

Моџтаба Хаменеи, син на поранешниот врховен лидер Али Хаменеи, беше избран за трет врховен лидер на Исламската Република по одлуката на Собранието на експерти.

фото/ЕПА

Текстот (Видео) Прво појавување на Моџтаба Хамнеи? Иранска агенција објави видео со него е превземен од МАКФАКС.