Ева Лонгорија веќе некое време ужива во шармот на летната сезона. Таа престојува во Марбеља со своето семејство и блиски пријатели, а фотографите точно знаат каде да ја најдат – на локалната плажа. Неодамна ја фотографираа како излегува од водата, а направија и неколку интересни кадри.

Може да се каже дека фотографиите привлекоа голем јавен интерес, бидејќи покажаа многу. Ева одлучи да облече сино микро бикини за оваа пригода, кое имаше за цел да ги истакне женските атрибути.

Луксузните облини на актерката беа во преден план, а таа гордо покажа дека привлечноста на жената не е условена од совршените телесни пропорции, туку од решителноста да ги покаже дури и оние мали несовршености што ја прават, едноставно, совршена.

Ева не се обиде да го скрие својот целулит и им дозволи на фотографите да ја фотографираат во сосема спонтан момент. Таа додаде и црни очила на својата летна облека, за да се скрие барем малку од љубопитниот свет.

Текстот Џебната Венера во микро бикини направи хаос е превземен од МАКФАКС.