Џаред Лето нема да игра во политичкиот трилер „Атентат“, откако продукцијата се откажала од соработката поради серијата обвинувања за сексуално злоставување, објавува „Пејџ сикс“, повикувајќи се на извори блиски до проектот.
Според истите извори, Лето бил во завршна фаза од преговорите за улогата, но продукцијата одлучила да не го ангажира поради зголемениот број обвинувања против него.
Обвинувањата повторно се најдоа во фокусот по премиерата на документарецот на Би-би-си, во кој десет жени тврдат дека Лето непримерно се однесувал кон нив во периодот од 2002 до 2016 година, кога тие имале меѓу 16 и 18 години.
Лето ги отфрла сите обвинувања, вклучувајќи ги и оние изнесени во документарецот и во претходни медиумски извештаи. Засега не е познато кој ќе го замени во филмот, во кој главните улоги ги имаат Брајан Кренстон и Брендан Фрејзер.
Текстот Џаред Лето остана без улога по новите обвинувања за сексуално злоставување е превземен од МАКФАКС.














