Повеќе делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради планирани работи и санација на дефекти.

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, од 09:00 до 12:15 часот, поради замена на постоечки дрвен столб со ногара, без електрична енергија ќе останат корисниците на Радишани 7, улица 56 во Радишани и Бутел.

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека ќе има два прекина во водоснабдувањето.

Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“ бб, во близина на црквата, без вода од 08:30 часот до завршување на санацијата ќе останат корисниците во село Драчево, во општина Кисела Вода.

Исто така, поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ број 32, од 08:00 часот до завршување на работите прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“.

Текстот Без струја во Радишани, прекин на водоснабдувањето во две скопски општини е превземен од МАКФАКС.